Жан Митрев: Вирусот кај дел од пациентите се однесува како на симптоми на сида

Колективен имунитет или корoна зачинета со есенски грип, како да го победиме невидливиот непријател. Кардиохирургот д-р Жан Митрев во „Само вистина“ зборуваше за симптомите на Ковид-19.

Митрев: Не сум оптимист, наесен ќе биде многу лошо

-Ние сме приклучени во она што го следиме секојдневно во однос на третман и други можности. Меѓу нас зборуваме дека имаме вирус кој се пренесува како грип, лесно, брзо, а од друга страна кај добар дел од пациентите се однесува како на симптоми на сида. Паѓање на имунитет, предизвикување на имунолошка реакција и додатни компикации. Не секој позитивен пациент е болен пациент. Тој имал контакт со тој вирус. Симптоматските пациенти со проблеми во дишење и температура, тие се пациенти кои заболуваат. Тие се помалку од генерално позитивни пациенти. Едните со внесување на течности успеваат да го совладат вирусот и прават имунитет. Другата работа се долгоричните резултати. Оние кои биле позитивни, имаат шанси да развијат долгорочни компликации и тука е целата комплексност. Онаа група која не знаеме зошто почува да се влошува драстично, тоа оди многу брзо во денови или часови, рече Митрев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот