Жан Митрев на распит во Обвинителството за „Нечиста крв“
Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во скопското обвинителатво, по предметот кој беше отворен по сторијата на ИРЛ, за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација.
-Точно е дека лицето е повикано на распит во обвинителството за одредени околности за предметот кој беше отворен во обвинителството по допрен глас. Распитот го води обвинителката која го работи предметот, велат од Обвинителството за ,,Фокус”.
Ваквата одлука на Обинителството следи по објавата на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ.
Во свој документарен филм новинарската организација ИРЛ информираше дека нивното истражување го следело начинот на кој функционирала болницата во време на пандемијата а конкретниот документарец е направен врз трогателни сведоштва на граѓани од Македонија и Косово и 24 пријави за работата на клиниката кои се верификувале повќе од 22 месеци.
Документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ со шокантни тврдења за клиниката Жан Митрев