Жалфија – зачин што мора да го имате во вашиот дом

unsplash
Фото: Unsplash

Жалфијата е едно од најпознатите обележја на Медитеранот, билка со многу лековити својства, која одамна ја има на овие простори.

Таа е еден од сестраните зачини во медитеранската исхрана. Одлично се комбинира со различни видови месо и риба, може да се пржи, похува, да се користи во чаеви. Кога печете пиле, ставете ја под кожата пред печење или додадете ја кога готвите телешко. Задолжително додајте ја во супа и бујон или за да ароматизирате печени филети од риба.

Можете да ја додадете во салати, а поради јачината на нејзините етерични масла одлична е за маринади.

unsplash

Со нејзе можете да ароматизирате разни масла и путер кој ќе го користите при термичка обработка, но и во финиширање на готови јадења. Добро се комбинира со зеленчук, а најдобра е со тиква во разни комбинации.

Иако жалфијата е растение самоник, денес се наоѓа и одгледана во домашни услови, што ја прави достапна во текот на цела година.

unsplash

Жалфијата нема само гастрономска употреба, многу е здрава и се користи во фармацијата заради лековитите и козметичките својства.

Добра е за ублажување на кашлица или болки во грлото, извонредна е за болести и испирање на усната шуплина. Исто така, помага во топење на масното ткиво, односно при топење на целулитот.  Има силно антисептичко дејство и го зајакнува имунитетот на организмот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот