Зголеменото ниво на Дебарско Езеро значајно за заштита на богатата флора и фауна

Акумулации / Извор: МИА

Зголемниот дотек на вода во Дебарско Езеро, освен што поволно ќе се одрази врз производството на електрична енергија во Хидроелектраната „Шпилје”, од големо значење е и за заштитата на флората и фауната во езерото.

Оваа оценка за МИА ја изнесе Дритан Боцку, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта” кое од ноември 2019 година е и концесионер на езерото.

– Моментната поволна хидрологија на дебарското сливно подрачје, што во услови зголемен дотек во езерото, секако е од огромно значење за зачувување на богата флора и фауна. Поради многу ниското ниво постоеше опасност од нејзино уништување, рече Боцку.

Во рамки на зацртаните програмски активности, насочени кон заштита на рибниот фонд во езерото, според Боцку, продолжуваат со засилените мерки на котрола, со цел елиминирање на појавата на рибокрадци.

– Од ноември минатата година кога ја добивме концесијата на езерото, до сега, имаме запленето над 30 мрежи во просек во должина од над 100 метри, како и неколку гумени чамци. Посебно сакам да ја нагласам соработката со припанците на дебарската полиција, која ќе продолжи и понатаму, додава тој.

Посочува дека како друштво ќе продолжат со строгата контрола, сѐ со цел да се заштити рибниот фонд и да се врати некогашниот епитет на богато езеро со разновиден рибен фонд, што за жал го изгуби во изминатите години.

Инаку, на Дебарско Езеро во тек е забрана за риболов на пастрмка, што ќе трае до 31 овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот