Зголемено производството на месо, јајца и кравјо млеко

Фото: Профимедиа

Производството на месо, јајца и на кравјо млеко минатата година било поголемо во однос на 2019-та, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Зголемен е и бројот на говеда, свињи, кози и живина.

Статистика бележи намалување на бројот на овците, како и на производството на волна, овчо и козјо млеко.

– Вкупното производство на месо е зголемено за 5,1 отсто. Производството на кравјо млеко во 2020 година изнесува 405 217 000 литри што е за 3,7 отсто повеќе во однос на 2019 година. Намалување е забележано кај овчото млеко за 23,3 отсто и кај козјото за 7,7 проценти. Од другите добиточни производи, во 2020 во однос на 2019 година, забележано е зголемено производство на јајца и намалено производство на волна, наведува Државниот завод за статистика.

Според податоците, вкупниот број говеда лани бил зголемен за два процента во однос на 2019-та или кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,1 отсто, а кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) за 37 проценти.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2020 година, во споредба со 2019 година е зголемен за 67,8 отсто, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 8,5 отсто.

Бројот на живината е зголемен за 5,2 отсто, а бројот на козите за 8,5 проценти, додека бројот на овците е намален – кај индивидуалните земјоделски стопанства за 7,3 отсто, а кај деловните субјекти за 47 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот