Зголемени трошоците на животот и цените на мало

Трошоците на животот и цените на мало во јануари годинава се зголемени за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2019 година бележат пораст од 0,6 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во јануари во споредба со претходниот месец е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,7 отсто, свежото и разладеното овошје за 1,0, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,6, млекото, сирењето и урдата за 0,3, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот има и кај другите финанасиски услуги неспоменати на друго место за 34,3 проценти, електричните апарати за лична хигиена за 4,3, велосипедите за 3,0, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,9, гасот за домаќинствата за 1,5, телефонот и телефакс-опремата за 1,4, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, другите печатени материјали за 0,8, моторните возила за 0,7, стаклените садови, трпезните садови и прибор за домаќинствата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата, градината, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,5, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,4, домашните миленици и сродни производи, угостителските услуги, услугите за сместување за 0,3, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0,2 процента.

Намалување на трошоците на животот, пак, е забележано кај месото за 0,8 отсто, виното за 0,3 и жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Намалување  на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2,5 проценти, обувките за 2,2, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,6, медиумите за снимање за 0,9, мебелот и покуќнината за 0,6, облеката за 0,4, теписите и другите подни покривки, другите медицински производи за 0,3, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз, другите лични предмети за 0,2 процента.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот