Зголемени трошоци на живот за овошје, цигари и масло, намалени за горива

На годишно ниво, односно во споредба со март 2019 година трошоците на животот бележат пораст од 0,5  отсто, а цените на мало пораснале за 0,3 проценти.

Трошоците на животот во март годинава се зголемени за 0,2 отсто во споредба со претходниот месец, а цените мало, пак, се намалени за истиот процент – 0,2. На годишно ниво, односно во споредба со март 2019 година трошоците на животот бележат пораст од 0,5  отсто, а цените на мало пораснале за 0,3 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во март 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,2 отсто, цигарите за 4,1, маслото и маснотиите за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9, јајцата за 0,8, месото и млекото за 0,7, лебот и житата, сирењето и урдата, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0,4, жестоките пијалаци и виното за 0,3 и прехранбените производи неспомнати на друго место за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот е забележан и кај другите апарати и производи за лична хигиена за 1,3 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,9, материјалите за одржување и поправките на живеалиштето, моторните возила за 0,8, градините, растенијата и цвеќињата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,5, мебелот и покуќнината, фармацевтските производи за 0,4, големите електрични апарати за домаќинствата за 0,3, другите медицински производи, домашните миленици и сродни производи за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот има кај рибата и морските плодови, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 10,2  отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,8, телефонската и телефакс опремата за 2,9, гасот за домаќинствата за 2,8, воздухопловниот патнички транспорт за 1,8, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,8, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6, информатичката опрема за 0,2, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0,2 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот