ЗГОЛЕМЕНИ СТАНДАРДИТЕ ВО ХРВАТСКА: Од првиот ден на 2020 година минималната плата ќе изнесува 435 евра

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, на владина седница најави зголемување на минималната плата на 3.250 куни (435 евра) од првиот ден на 2020 година. Во мандатот на актуелната хрватска Влада минималната плата во Хрватска е зголемена за околу 100 евра.

Пленковиќ се пофали дека во комбинација со со даночната реформа, зголемени се и приходите и стандардот на граѓаните.

– Владината политика во подрачјето на јавните финансии обезбеди зголемување на приходите на граѓаните и нивниот стандард, а истовремено ја подобри позицијата на Хрватска на меѓународните финансиски пазари, истакна Пленковиќ.

Истовремено, хрватската Влада се откажа од намалување на стапката на ДДВ.

Зборувајќи за ребалансот на буџетот за 2019 година, кој исто така е на владина седница, Пленковиќ нагласи дека ребалансот е во насока на планираните трошоци и дека тоа претставува „порака на доверливост, предвидливост и стабилноста на работата на Владата”.

Што се однесува на буџетот за следната година, според појаснувањето на Пленковиќ, се темели на проектираната стапка на раст од 2,5 отсто. Тој го истакна и намалувањето на уделот на јавниот долг во БДП на 71,5 отсто, што според него, ја јакна хрватската положба на меѓународните финансиски пазари и влијае на подобрување на кредитниот рејтинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот