Зголемени огласите за продажба на хотели во Шпанија

Во октомври за речиси една петина е зголемен бројот на хотели во Шпанија што се огласени за продажбаа во однос на март, или на почетокот на пандемијата на коронавирусот, а повеќето од нив се во добро познати туристички дестинации, објави вчера порталот за продажба на недвижнини „Идеалиста”.

На Балеарските острови се продадени 84 проценти повеќе хотели во октомври отколку во март, а во Андалузија 45 проценти повеќе, наведува порталот „Идеалиста”.

На крајот на октомври за продажба беа огласени вкупно 557 хотели, од кои петтина се во Каталонија, објави порталот.

Речиси третина од хотелите во Шпанија во октомври беа затворени, наведе Централното биро за статистика.

Резервациите во хотели биле 83 проценти помалку отколку во октомври минатата година, може да се види од официјалните податоци објавени неделава од Бирото за статистика.

Шпанската економија е во голема мера зависна од туризмот, кој беше сериозно погоден од рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот