Зголемени цените на индустриските производители на годишно ниво

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.2 % на месечно ниво, а се повисоки за 1.8 % на годишно ниво.

Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 %.

Во мај 2019, во споредба со мај 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.2 %, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2.8 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот