Зголемена радиоактивност поради пожарот што избувна во близина на Чернобил

Во Украина е регистрирано синоќа зголемување на радиоактивноста поради шумски пожар што избувна во саботата во област околу нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во историјата.

„Имаме лоши вести, радиоактивноста е повисока од нормалната во срцето на пожарот”, напиша на Фејсбук, Егор Фирсов, кој раководи со службата за инспекција на животната средина.

Пораката на Фирс беше придружена со видео-снимка од Гајгер-милеров бројач што покажува 16 пати поголема радиоактивност од нормалната.

Пожарот зафати повеќе од 100 хектари шума околу централата на 100 километри северно од Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот