Зголемена радијација во Крива Паланка, надлежните смируваат!

Во текот на изминатите неколку денови беше предизвикана голема паника помеѓу граѓаните, поради тоа што на сајтот на Европската комисија во делот за набљудување на радиоактивноста на 20 јуни се покажува енормно зголемување на зрачење од гама зраци (гама-зрачење) кај Крива Паланка.

На социјалните мрежи беа прикажани резултатите од мерењата на радиоактивноста, што дополнително ги „запали“ загрижените граѓани за да дознаат што точно се случува.

Но, од Дирекцијата за радијациона сигурност велат дека нема простор за паника, бидејќи станува збор за грешка која се покажува на сајтот за мониторинг, а како причина наведуваат дека е расипана станицата за мерење.

Оттаму велат дека стапиле во контакт со Општина Крива Паланка и со Институтот за јавно здравје, кој е задолжен за менаџирање на станиците. Според информациите, станицата е веќе извадена и е донесена во Скопје на поправка. За да не се шири паника се очекува да се огласи и Институтот за јавно здравје од каде веќе излегоа со информации на 20 јуни, дента кога првпат беше забележан лажниот алармот на сајтот на Европската комиија.

Како и секогаш досега, кога и да се забележат енормно зголемени показатели, како на загадување на воздухот, така и во случајов со зрачењето од гама зраци, од надлежните институции се добива истиот одговор, дека мерните инструменти се расипани и се на поправка.

Па се поставува прашањето, како е можно сите европски и светски институти кои вршат мерења ги забележуваат загадувањата кај нас, но тука одговор е секогаш ист. Па поради тоа постои се поголема загриженост кај граѓаните за тоа дали некој намерно сака да го прикрие секој вид на загадување кај нас или станува збор за нешто друго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот