Зголемена минималната пензија во Германија

Постигнат е договор со кој се гарантира основна пензија за работниците со ниски плати по повеќемесечните тензии околу ова прашање, што можеше да доведе до криза на германската влада, пренесуваат медиумите.

Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор за време на преговорите коишто траеја повеќе од шест часа. Основната пензија претставува додаток на пензијата, со што ќе се обезбеди оние што добиваат најнизок приход да можат да ги покријат своите основни месечни трошоци за живот.

Планот на германската влада ќе ги опфати и вработените со најниски приходи кои се грижат за деца или роднини, без да прецизираат детали. Услов за добивање на оваа парична надокнада ќе биде лицето да плаќа придонеси за социјално осигурување најмалку 35 години.

Планот ќе ги опфати оние чии приходи се помали од 1,25 илјади евра или парови кои не земаат повеќе од 1,95 илјади евра месечно. Ппанот на германската влада треба да стапи во сила во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот