Зголемена готовноста на армијата на Јужна Кореја

Фото: Профимедиа

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сок-јол нареди армијата „брзо и силно” да возврати во случај на каква било севернокорејска провоикација.

Јун наредбата ја издаде во момент кога се претпоставува дека Пјонгјанг по пет години може да изврши нова, седма нуклеарна проба. Исто така наредбата уследи еден ден откако авиони на американското воздухопловство Ф-35А пристигнаа во Јужна Кореја.

Минатата недела Јун се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид, при пшто се договорија заеднички да работат на унапредување на начините за „широко одвр аќање” на Северна Кореја.

Северна Кореја годинава ги интензивираше ракетните проби и се претпоставува дека се подготвува за седма нуклеарна проба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот