Зголемен ризик од рецесија во Германија

Архива на СП

Остриот пораст на инфлацијата ја оптоварува потрошувачката на германските домаќинства, а имајќи ги предвид зголемените сметки за енергија, рецесијата се чини сè поверојатна, пишува „Блумберг“, пренесува АлЏезира Балканс. Во германскиот производствен сектор, нарачките паѓаат, и покрај големите залихи и олеснувањето на тесните грла во синџирот на снабдување.

Германската економија забележа пад од 0,2 отсто на крајот на минатата година, објави германскиот завод за статистика. Ова е полош резултат од очекуваниот и наглиот пораст на инфлацијата ја оптоварил потрошувачката на германските домаќинства, како и дека имајќи ги предвид зголемените сметки за енергија, рецесија се чини сè поверојатна. Податоците објавени од германскиот институт се во спротивност со проценката презентирана претходно овој месец, го пренесува Танјуг пишувањето на Блумберг, кој додава дека тоа значи и дека економската контракција до март сепак може да биде причина за рецесија во најголемата економија во еврозоната.

Неколку показатели во последните недели укажуваат на зголемена доверба во Германија по благата зима и добро снабдените капацитети за складирање природен гас, кои го елиминираа ризикот од недостиг за време на грејната сезона. Цените на големо на стоките, по период на рекорден раст, почнаа да паѓаат, што даде надеж дека инфлацијата ќе се намали порано од очекуваното.

Сепак, побарувачката е помала, а овој тренд е забележан и во Шведска, чија економија е неочекувано на пониско ниво во четвртиот квартал, додава Блумберг. Според американската агенција, Белгија успеала да оствари раст од 0,1 отсто, а Литванија дури 0,3 отсто, додека економската доверба во еврозоната продолжува да расте во јануари, искачувајќи се на највисоко ниво од јуни.

Сепак, во германскиот производствен сектор, нарачките паѓаат, и покрај големите залихи и олеснувањето на тесните грла во синџирот на снабдување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот