Зголемен ризик од пожари во Амазонската прашума

Уништување на шуми во Амазон/ фото: МИА

Официјалните податоци од Бразил покажуваат дека во јули е регистрирани забележително зголемување на пожарите во Амазонската прашума во однос на истиот месец минатата година и дека тоа би можело да прерасне во голем проблем.

Сателитските снимки направени од бразилската Национална вселенска агенција покажуваат дека во јули во Амазонија имало 6.803 пожари, што е за 28 отсто повеќе отколку истиот период минатата година.

Овие бројки предизвикуваат загриженост дека е можно да се повтори минатогодишното сценарио, односно пожарот што се ширеше во Амазонија кога изгореа повеќе од 10.000 квадратни километри од оваа најголема светска дождовна шума. Во август минатата година во Амазонија се регистрирани 30.900 пожари.

Директорката на бразилскиот институт за истражување на животната средина, Ана Аленкар изјави дека ова зголемување на бројот на пожари е „опасен знак” и оти се очекува август да биде тежок во Амазон, а септември уште полош

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот