Зголемен прометот во трговијата на мало

Зелен пазар, Скопје
Зелен пазар, Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемен за 7,4, а реално за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, номинално зголемување за 11,8, а реално за 10,2 отсто има и во групатаТрговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, а кај Трговија на мало, освен трговија со горива номинално зголемување е за 9,6, а реално за 7,9 отсто, додека кај Трговија на мало со автомобилски горива номиналното зголемување е за 53,6, а реалното за 30,7 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот