Зголемен интересот за вакцинација, до вчера вакцинирани над 612 илјади граѓани

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден е забележан значителено зголемен интерес за вакцинација.

Според информациите од Министерството, вчера прва доза вакција примиле 11.732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, се вели во соопштението од МЗ.

Досега, во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485.464 граѓани.

– Со последните бројки, 68 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 66 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 53 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, наведува МЗ.

Вакцинирањето се одвива без закажување во вакциналните пунктови низ државата, додека теренската вакцинација се одвива со ротации на медицинските екипи во секое село, рурално населено место и населба. За вакцинирање на децата мора да се закаже термин преку сајтот vakcinacija.mk.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот