Зголемен инспекцискиот надзор откако 11 лица се заразија со хепатит Ц во штипската ортопедија

Епидемиолози од Институтот за јавно здравје-Скопје, но и тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат од утринава се во штипската Клиничка болница, со цел да се утврди состојбата, но и изворот на заразата од вирусот хепатит Ц кај 11 поранешни паценти на Одделението за ортопедија.

Д-р Ирина Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за МИА вели дека во текот на денот извршиле координарен вонреден инспекциски надзор при што согледана е целокупната епидемиолошка состојба во Клиничката болница Штип.

Во врска со констатираната состојба, дадени се насоки за понатамошно постапување во установата.

Во однос на бројот на пријавени заболени со хепатит Ц, не се регистрирани нови случаи. За сите понатамошни активности се дадени препораки, како и за резултатите од дијагностичките постапки кај пациентите кои се во тек во релевантни институции, ќе бидете информирани дополните, од страна на ДСЗИ, ИЈЗ и МЗ, се вели во соопштениетот од Државниот санитарен и здарвствен инспекторат. Горе наведените институции ја следат континуирано состојбата на терен и ќе бидат во непосреден контак со Клиничка болница Штип.

Инаку, вирусот хепатит Ц се пренесува преку крв и отворени рани. Првите заболени пациенти се откриени во јули, кога првичната бројка беше шест, а во текот на минатата недела се искачи на 11 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот