Зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките, во последниве две недели (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од стартот на отворањето на градинките досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот. Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра, ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. 

Зголемениот број на позитивни деца и воспитувачки во градинките е резултат на епидемиолошката состојба во земјава. Во периодот од 6 до 19 октомври регистрирани се шест дечиња и 21 вработен позитивени на вирусот. Но, сакам да истакнам дека здравствената состојба на сите што досега беа позитивни дечиња и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата така што генерално здравствената состојба на децата и вработените во градинките е добра, изјави Шахпаска, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на градинката „Темјанушка” во Гази Баба.

Во оваа детска градинка од отворањето, на 9ти септември, до сега нема ниту еден позитивен на вирусот Ковид 19, како помеѓу воспитувачките, така и помеѓу децата, што за градоначалникот Борис Георгиевски и министерката Шахпаска е показател за почитување на протоколите и мерките за спречување на ширењето на вирусот.

-Влеговме внатре и видовме дека децата си одржуваат растојание, секое јаде само на маса, спие само и н а чисти постелнини, си игра во својот дел означен за игра, и тоа придонесува за ние денес да можеме да кажеме дека во детската градинка Детска радост клон Темјанушка нема ниту еден позитивен на корона, рече Шахпаска.

Таа додаде дека состојбата се следи и ќе се носат одлуки во консултација и соработка со здравствените и локалните власти.

– Будно се следи состојбата. Ќе носиме одлуки заедно со локалните самоуправи затоа што не секаде епидемиолошката состојба е иста. Најважен капитал е здравјето на граѓаните и на најмладите, рече Шахпаска, одговарајќи дали се размислува за затворање на градинките.

Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот