Зголемен бројот на хоспитализирани лица во Албанија: Тирана останува најголемо жариште

Ковид-болница во Тирана / фото: EPA/EFE

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се помал број новозаразени со Ковид-19, споредено со вчера, но забележан е зголемен број на хоспитализирани лица, споредено со деновите од изминатата недела.

Според Еугена Томини ,од Институтот за јавно здравје, од направените 239 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 33 лица, од кои дури 23 се од Тирана, која и понатаму останува главно жариште на вирусот.

-Во текот на изминатата недела имавме зголемен тренд на позитивно потврдени случаи, зголемени хоспитализирани случаи, но имавме и загуба на животи. Сето тоа е последица на непочитување на мерките за заштита и протоколите во деловните објекти. Загрижува факатот што старосната граница на заразените е од 30 до 40 годишна возраст, како и тоа дека се зголемува бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување, рече Томини.

Според неа, бројот на хоспитализирани лица моментно е 82, што е највисока бројка до сега. Од нив десет се на интензивна терапија и еден пациент е поставен на респираторна машина.

Од почетокот на пандемијата, во почетокот на март, до сега направени се 23.692 теста, позитвен резултат е добиен кај 1.995, битката со опасниот вирус ја добиле 1.159, ја изгубиле 44, а активни на болеста се 792 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот