Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

Бројот на лица кои аплицирале за азил во Холандија минатата година драстично се зголемил.

Во 2022 година поднесени се 35.535 барања за азил, што е најголема бројка од 2015 година, објави „NL Times”. Во однос на 2021 година, бројот на барања е зголемен за 43,6 отсто.

Барањата за азил се во благ пораст од септември.

Според податоците на холандската агенција за статистика (CBS), најмногу баратели на азил има од Сирија, како и претходните години. Повеќе од една третина од барателите на азил се Сиријци, потоа Авганистанци, Турци и жители на Јемен.

Се зголемува и бројот на барања за обединување на семејството. Минатата година такви барања поднеле 10.930 лица, главно Сиријци и Турци.

Поради војната во Украина нагло е зголемен и бројот на бегалци од Украина. Минатата година, 1.060 лица од Украина поднеле барање за азил во Холандија, наспроти 70 година пред тоа и 40 баратели во 2020 година. Повеќето Украинци не мора да бараат азил во Холандија, тие можат да останат во земјата врз основа на европските регулативи.

Во исто време, минатата година 590 Руси побарале азил во Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот