Зголемен број случаи на Ковид-19 во Грција

-Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 58 нови случаи на Ковид-19, од кои 28 се по направените тестови на влезните точки во земјата, соопшти Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, меѓу останатите 30 случаи, уште шест се кај туристи, кои доброволно се тестирале за време на нивниот престој во Грција.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 3.883 случаи на Ковид-19 во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот