Зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција

Во Грција денеска се соопштени 110 нови случаи на Ковид-19, првпат троцифрен број по подолго време, а само девет од новозаразените се по направените тестови на влезните точки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните случаи се во Солун -37, од кои 10 се од свадба, 23 се во Кавала, 19 во поширокиот регион на Атина, по три на Крф и Халкидики итн.

Бројот на нови случаи во Грција секојдневно расте, со оглед на тоа дека во понеделникот беа регистрирани 35 новозаразени, вчера 78, а денеска 110, додека пак во изминатите шест дена, има вкупно 397 нови случаи.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 4.587 заразени со Ковид-19, а починаа 206 лица.

Прочитајте и...  Здравствената агенција на ЕУ повика на повторно воспоставување на контролни мерки

Прочитај повеќе

Германија се сомнева во квалитетот и безбедноста на руската вакцина

Слободен печат

По судска наредба објавена уште една снимка од Џорџ Флојд: Ново шокантно видео од неговите последни моменти (ВИДЕО)

Слободен печат

Осуда од САД за „безумните” насилствата извршени од власта во Белорусија

Слободен печат

Помпео: Авторитаризмот сѐ уште живее во Русија, Кина и Иран

Слободен печат

Мексико: Почнува трета фаза испитување вакцини од САД и Кина

Слободен печат

ЕУ одбива да ги набљудува изборите во Венецуела и бара одложување

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Несреќа во Мексико: Се преврте автобус, загинаа 13 лица (ВИДЕО)

Слободен печат

Франција покрена истрага за ТикТок

Слободен печат

Дефект во електродистрибутивната мрежа во Тетово, вечерва се очекува нормално снабдување со струја

Слободен печат

ЕУ се закани со санкции: Претседателските избори во Белорусија не беа слободни

Слободен печат

Годинашниов гроздобер во Франција ќе биде многу порано од вообичаеното

МИА Агенција