Зендели: Обраќањето на Пендаровски е за поздрав

Фото: МИА

Избалансиран настап во кое ги опфати сите отворeни прашања кои ги имаме, особено во делот на правната држава. Вака го оцени обраќањето на претседателот Стево Пендаровски пред пратениците, Фадил Зендели од Беса.

Обраќањето на Пендаровски треба да се поздрави, посочи Зендели, истакнувајќи дека 30 години сме држава со афери, а нема ниту еден висок функционер зад решетки.

– Секако треба да се поздрави настапот на претседателот на државата, но и да се има предвид дека тој е краток период на функција. Секако во следниот период би требало да видиме и многу други иницијативи, кои според мојот впечаток, би требало да бидат во насока на тоа што тој треба да претставува – претседател на сите граѓани без разлика на етничката, национална и друга припадност –  рече Зендели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот