Зендели: Нема проблем во владиното мнозинство, проблемот е во пратеничката група на ДУИ

Фадил Зендели, Беса, Фото: Архива

Нема проблем во владиното мнозинство, изјави пратеникот од партијата Беса и еден од потпретседателите на Собранието, Фадил Зендели.

Зендели изјави дека проблем има во пратеничката група на ДУИ и смета оти партијата треба во разумен рок да најде решение за него.

Пратеникот посочи дека БЕСА има забелешки за распределбата на проектите од култура и дека министерката за култура Ирена Стефоска не се консултирала со заменик министерот за култура во врска со нив. Тие бараат од премиерот прераспределба на средствата за поддршка на проектите од културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот