Зендели: Не е важно само да се победи ДУИ, битно е мултиетничката коалиција да прерасне во граѓански сојуз (ВИДЕО)

-Впечатливо е дека имаме една предизборна мулти-етничка коалиција. Ова е еден нов момент. Созреани сме како граѓани дека можеме да направиме нови чекори. Можеби ова е еден европски стандар кој што сакаме да го имплементираме во Македонија. Како БЕСА дававме придонес кон реформите и бевме конструктивни како опозиција кон евро-интеграциите, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор Фадил Зендели, потпретседател на БЕСА.

-Сите анкети кои се спроведувани во овој период говорат дека нашиот рејтинг не е намелен. Во суштина коалицијата е поддржана и велат кога коалицираме пост изборно вопшто тоа да не го правиме предизборно. Ние го направивме првиот чекор што е важно за демократизацијата на општеството кај нас.

-Сметаме дека како политички партии ние и СДСМ цврсто стоиме кон евроинтегративните определби и сметам дека имаме заеднички став кон клучните реформи, вели Зендели.

-Ни претстои долг процес кон членството на ЕУ и сметаме дека и ние може да дадеме свој допринес во донесување на европските реформи. Времето на криминалците треба да заврши, за жал се уште се на високи функции. Ние и претходно се залагавме СЈО да продолжи со работа и отворените предмети да добијат завршница.

-Мислам дека Заев не требаше многу да се занимава со ставот на Ахмети за премиер Албанец. Тие секогаш ќе играат и ќе наоѓаат начини и форми да ги изманипулираат граѓаните. Едно ќе ветат а утредента забораваат. Кога треба да добијат политички поени се и сешто ќе ветат. Така и идејата за премиер Албанец – да се манипулира со чувството на Албанците и толку. Мислам дека тактички Заев не изгра добро и му даде важност на Ахмети. требаше да се остави и да се види дека Албанците веќе го сфатија Ахмети.

-Сиромаштијата е длабоко навлезена во нашето општество, младите мигрираат. Ова е многу симптоматична работа и мора нешто радикално да се менува. Треба да започнеме со економските реформи и младите да ни остануваат тука. Ако ни заминуваат и Албанците и Македонците за што ќе правиме економија и регформи во неа. Училиштата и населбите ни се празни и ова ќе ни биде главна определба – економски да зајакнеме, да размислуваме за нови работни места, за повисок стандар и перспективата да се гледа во државава, рече Зендели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот