Земон за СП: Македонија има подобри шанси за ЕУ со Словенија, а никакви со Португалија

Македонија во дадените околности со Бугарија нема друг избор освен да чека тамошните парламентарни избори на 4 април да поминат, затоа што во предизборието нема услови за исчекор, вели професорот Рубин Земон за „Слободен печат“.

– Историската комисија треба да биде оставена да работи, а владите дотогаш да се посветат да го усвојат Акцискиот план. По изборите се очекува идната влада да не зависи од радикален елемент како партијата на Красимир Каракачанов – вели Земон за „Слободен печат“.

Тој не верува дека за време на португалското претседатество со ЕУ и на јунскиот самит нешто битно ќе се направи за македонските евроинтеграции.

– Технички не е можно. Само што ќе се формира владата, португалското претседатество ќе заврши. Поголема шанса имаме со словенечното претседателство. Словенија ни е поблиска земја, таа е дел од овој простор и ги познава приликите. Во Словенија има многу научници, интелектуалци итн. кои добро го познаваат и повеќе го разбираат проблемот меѓу Македонија и Бугарија – вели Земон.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на вчерашната неформална средба со колешката Екатерина Захариева доби поддршка за македонските евроинтеграции, а министерката Захариева утрово за БНТ рече дека ниту една држава не може да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ, ако не се исполнети условите што ги поставува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот