Земјотресот во Калифорнија ги исплаши презентерите на вести – Водителката се сокри под маса (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

За време на програма во живо, при пренос на вести на американската телевизија CBS, водителката од страв за време на земјотресот се сокрила под маса.

„Чувствуваме големо силно треперење. Овде се тресе во студио и се надеваме дека ништо нема да падне од таван“, рекла таа и панично се држела за раката на својот колега.

„Потресот е прилично силен и мислам дека подобро би било да се засолниме под маса.! Веднаш се враќам“, порачала исплашената спикерка Сара Дончи и се сокрила под маса.

Земјотресот изнесувал седум степени по Рихтеровата скала и е најсилен во последните неколку години во тој регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот