Земјотресот во Албанија почувствуван и во неколку градови во Македонија

Земјотресот од Албанија попладнево е почувствуван во  југозападниот дел од земјава, особено во Охрид, Струга и Ресен,  со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

Во Битола, Гевгелија и околината земјотресот е почувствуван со интензитет од три степени.

Опсерваторијата соппшти дека регистрирала серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 150 километри јужно од Скопје, во соседна Албанија, и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча. Најсилниот бил во 16.21 часот со локална Рихтерова магнитуда 4.4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот