Земјотресите не престануваат: Нов потрес од три степени почуствуван кај Сисак

Земјотрес со јачина од три степени по Рихтер е забележан утринава кај Сисак, објави Сеизмолошката служба на Хрватска.

Потресот бил регистриран во 8.53 часот, со епицентар 13 километри југозападно од Сисак.

Во Петриња утринава во 7.54 часот исто така е забележан земјотрес од 2,3 степени по Рихтер.

Овие потреси се само дел од низата земјотреси кои ја погодија Хрватска уште од 28 декември. Најсилниот земјотрес кој ја погоди централна Хрватска беше на 29 декември и одзема седум животи, додека уништи голем дел од Петриња, Сисак и Глина.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот