Земјотресите ја заматија водата во Мавровскиот регион – да не се користи за пиење

Маврово / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Земјотресите кои го погодија синоќа Мавровскиот регион предизвикаа заматување на водата, поради што препорачуваме да не се користи за пиење, објави Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово” на Фејсбук.

Градоначалникот на општината Маврово и Ростуше, Медат Куртоски во изјава за МИА  информира дека се во постојат контакт со МВР, ЦУК и останатите надлежни институции со цел соодветна реакција по вчерашните земјотреси во регионот.

По првичните проверки на последиците од земјотресите, нагласи Куртовски забележано е заматување на водата во мавровскиот водовод, додека засега не е забележана друга материјална штета.

Претходно на Фејсбук страницата на општината Маврово и Ростуше беше објавено дека во договор и комуникација со полицијата биле пропуштени 26 возила со патници, жители на други општини кои биле во своите викендички во мавровскиот регион.

Земјотресите предизвикале вознемиреност кај населението при што мал ден останале неколку часа во своите автомобили или на отворено.

Синоќа во 22:17, како што сооопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, беше регистриран земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала со епецентар на 65 километри југозападно од Скопје. Според Европско-медитеранскиот сезимолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

– Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеизмолошката опсерваторија.

Неколку минути подоцна, 22:28 часот во истото епицетрално подрачје синоќа е региситриран и втор потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер. Овој потрес најсилно е почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Тетово, Гостивар и Кичево со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа синоќа во 20:40 часот, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.

Се тресеше Македонија – серија од пет земјотреси, немирна ноќ и во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот