Земјотрес во Албанија со јачина од 3,1 степени

Земјотрес со јачина од 3,1 степена според Рихтер е регистриран попладнево во Албанија.

Епицентарот на потресот, кој е почувствуван во 13:35 часот е на 11 километри од градот Лежа и шест километри северно од Рубик.

Земјотрес со јачина од 4,2 степени и епицентар во Лежа беше регистран и вечерта на 12 септември, кој се почувствува и на македонско тло.

Утрово, на 13 септември беа регистрирани уште два земјотреса на истото подрачје, со јачина од 2,3 и 2,4 степени по Рихтер.

Едниот потрес беше со јачина од 2.3, а другиот со јачина од 2.7 степени по Рихтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот