Санторини/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран со епицентар помеѓу островите Санторини и Аморгос во 13:04 часот по локално време, во зоната каде во последните 24 часа е забележана интензивна сеизмичка активност.

Земјотресот бил почувствуван во Атика, објави Катимерини.

Сеизмологот Атанасиос Ганас, директор на одделот за истражување во Геодинамичкиот институт, нагласи дека „ова бил земјотрес во истата област каде што секојдневно се случуваат земјотреси – веднаш до Анидро. Не е поместено кон Аморгос, на истите длабочини сме. Овој земјотрес беше на длабочина од 13 километри“, рече тој.

Во текот на изминатите 3 дена вкупно околу 550 земјотреси се регистрирани во морското подрачје помеѓу Санторини, Аморгос и Иос.

Во раните утрински часови на 4 февруари, уште 4 сеизмички потреси со магнитуди од 4, 4,2, 4,9 и 4 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во морската област на околу 20 километри југо-југозападно од Аморгос, покажуваат податоците објавени од Геодинамичкиот институт за Националната опсерваторија во Атина.

Како последица на земјотресите, во последните 48 часа од Санторини се евакуирани околу 6.000 луѓе.

Земјотресите во Егејското Море се сеизмички аларм и за турските власти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот