Земјотрес со јачина од 4,5 степени синоќа ја погоди Албанија

По неколкудневна смиреност на земјата, синоќа во Албанија е регистриран нов потрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот е почувствуван во 2.20 часот, на длабочина од десет километри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километри западно од Тирана.

Потресот предизвика вознемиреност кај населенето.

Од утрото на 26 ноември, кога беше разорниот земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го згубија 51 лице, а беше предизвикана огромна материјална штета, најмногу во Драч,Тирана и Туман, до сега се регистрирани над 700 потреси со различна јачина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот