Земјотрес со интензитет од 5,3 степени ја погоди Малта

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала изутрината ја погоди Малта, соопшти Универзитетот во Малта.

Земјотресот ги разбуди жителите во неколку градови, објави порталот „Тајмс оф Малта“.

Нема информации дали има повредени во земјотресот.

Американскиот геолошки институт регистрираше дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени.

Земјотресот е почувствуван и во Сицилија и Либија.

Неколку часа подоцна е регистриран уште еден потрес во близина на либискиот брег, со јачина од 4,7 степени.

Од почетокот на годината Малта е погодена од десетици земјотреси, но научниците велат дека повремените бранови на зголемена сеизмичка активност се нормална појава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот