Земјотрес од 6,6 степени во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,6 степени утрово ја погоди Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот беше крај брегот на индонезискиот остров Јава, на околу 100 километри од местото Батанг и на длабочина од 500 километри.

Институтот соопшти дека постои мала веројатност дека имало жртви во земјотресот и дека е причинета материјална штета.

Индонезија се наоѓа во Огнениот појас на Пацификот, област на силна сеизмичка активност и вулкански ерупции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот