Земјотрес од 5,8 степени во Јапонија

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер го погоди источниот брег на Јапонија. Регистрирани се и бројни помали земјотреси во Тихиот Океан, во близина на јапонскиот брег, соопшти Американскиот институт за геологија.

Земјотресот бил со епицентар на длабочина од 10 километри, на растојание од околу 127 километри во правец исток-североисток од јапонскиот град Хасака, кој се наоѓа на околу 103 километри источно од Токио, пренесува Ен -Би -Си.

Институтот соопшти дека во истата област кај јапонскиот брег се почувствувани и други, помали земјотреси од 4,1 до 5,1 степени.

Според првичните сеизмички податоци, овој земјотрес не предизвикал значителна штета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот