10.8 C
Скопје

Земјотрес од 4,6 степени по Рихтер во реонот на Маврово

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран вечерва во 22:17 часот со епицентар на 65 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.

– Според досегашните податоци овој земјотрес беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, во Дебар, во Гостивар, во Тетово и во Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеимолопката опсерваторија.

Три силни земјотреси ја стресоа Македонија во последните 2 часа

Во 22:28 часот, во истото епицетрално подрачје е региситриран и втор потрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер. Овој потреес најсилно е почувствуван од населението во Маврово, во Дебар, во Тетово, во Гостивар и во Кичево со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходно, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа вечерва во 20:40 часот, регистрирала земјотрес со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје.

Земјотрес од 3,0 степени по Рихтер во гостиварско-мавровскиот регион

– Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда од 3,0 степени. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Дебар, во Гостивар, во Кичево и во Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар