Земјотрес од 4,1 степен во Хрватска: Повторно потрес во близина на Петриња

30 декември 2020. Петриња, Хрватска / ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Нов потрес го погоди подрачјето на Сисачко-мослованската жупанија со јачина од 3,8 степени по Рихтер, јавува ЕМСЦ.

Европско медитеранскиот сеизмолошки центар наведе дека земјотресот бил со сила од 3,7 степени по Рихтер, но потоа го промени на 3,8, па на 4,1 степен.

„Два пати по ред згрме и добро ја затресе куќата“, „Силен удар“, пишуваат корисници на ЕМСЦ.

Земјотресот се почувствувал и во Загреб, а бил забележан на 10 километри длабочина, на 17 километри од Петриња.

ЕМСЦ јавува дека тоа е 26-тиот потрес кој се почувствувал во Хрватска во последните 72 часа.

Централна Хрватска од 28 декември регистрираше повеќе земјотреси, а најсилниот бее на 29 декември, повеќе од 6 степени по Рихтер, кога починаа седум лица. Најлошо поминаа Петриња и Глина.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот