Земјотрес со 4 степени ја потресе Албанија синоќа околу 3.29 часот после полноќ, а почуствуван бил и во делови од Македонија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Од таму посочуваат дека земјотресот, чиј епицентар се наоѓал во Албанија и на 145 километри југозападно од Скопје, бил особено почувствуван во југозападните делови на Македонија со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.