Земјотрес од 3,9 по Рихтер во Албанија  

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер,  попладнево е регистриран во североисточниот дел на Албанија. 

Потресот беше во 16:04 часот, со епицентар  на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван  во Круја, Тирана, Пешкопеја  и други градови во Албанија. 

Потрес со послаб интензитет беше почуватвуван и во западниот дел на Северна Македонија, посебно во дебарскиот регион. 

На денешен ден пред две години и во исто време(16:05 часот) имаше потрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во подрачјето на Драч, а  според официјалниот биланс, оштетени беа  над 1.500 куќи, стамбени згради и училишта, главно во областа Драч, каде што беше епицентар, но и во Тирана.  

По два месеца, на 26 ноември 2019 Албанија ја погоди катастрофален земјотрес, со јана од 6,4 степени, со епцентар во подрачјето на Драч, во кој животот го загубија 50 лица, околу две илјади беа повредени а метеријаланата штета беше проценета а 1,2 милјарди евра

Извор МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот