Земјотрес на Филипините направи хаос: Базен се истури од висок облакодер (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Силен земјотрс вчера ги зафати Филипините, во кој се нишаа многу згради, а јачината на земјотресот изнесуваше 6.1 степени по Рихтеровата скала.

Земјотресот, и покрај тоа што создаде паника не доведе до цунами, барем не од океаните.

Цунамито дојде од врв на еден облакодер во главниот град Манила.

На видеа на социјалните мрежи може да се види како се истура базенот од еден од луксузните апартмани во еден понов облакодер отворен во 2015-година.

Бидејќи станува збор за многу висок облакодер, водата не ни стигунува до земјата, туку на половина од огромниот облакодер од 190 метра се претвора во пареа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот