Земјотрес ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Западна Турција.

Ова е објавено на интернет страната на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Потресот е регистриран во 16:08 по локално време на 30 километри источно од градот Адапазар и на 155 километри источно од Истанбул, на длабочина од 7 километри.

Земјотресот се почувствува на западниот турски брег на Црното Море, вклучително и во Истанбул. Досега нема информации за повредени лица и материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот