Земјотрес ја стресе Грција, почувствуван и во државава

Земјотрес / Фото: Илустрација

 Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 50 минути по полноќ регистрира земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 320 километри југоисточно од Скопје во соседна Република Грција.

Земјотресот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија, имаше локална Рихтерова магнитуда ML 5.3, а беше почувствуван од населението на југоисточните делови од државава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот