Земјотрес ја стресе Атина

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе Атина.  

Земјотресот се случил во 15:53 ​​часот по локално време, а бил почувствуван низ цела Атика, јавува Грик репортер.  

Епицентарот на земјотресот бил на десетина километри североисточно од грчката престолнина на длабочина од пет километри.  

Засега нема наводи за евентуална материјална штета. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот