Земјотрес ја погоди Јапонија утрово

Сеизмограм, илустрација / Фото: Профимедиа

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел на Јапонија утрово, објави јапонската Метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Чиба, во близина на главниот град Токио. Не е објавена тревога за цунами.

Земјотресот бил со јачина од 4 во јапонска скала, што се движи од 1 до 7 и се почувствувал во делови од централно Токио. Засега нема извештаи за штети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот