Земјотрес го стресе Скопје

Земјотрес /Фото: МИА

Вечерва во 23.07 часот земјотрес се почувствува во Скопје, а тоа го регистрираше и Европскиот медитерански сеизмички центар.

Земјотресот со јачина од 3,3 степени по Рихтерова скала е регистриран на македонско косовската граница.

Епицентарот е на 27 километри северозападно од Скопје, и на 12 километри југозападно од Витина, Косово.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.

Земјотресот е регистриран од апаратите на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје и од Сеизмолошкиот завод во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот