Земјотрес ги вознемири дебрани, епицентарот во Албанија, со јачина од 4,8 степени

Земјотресот е почувствуван и на територијата на Македонија

Вечерва во 22:14 часот во дебарско почувствуван е земјотрес, кој ги вознемири посебно жителите во Дебар, каде истиот беше и најсилно почувствуван.

Посебно вознемирени беа оние кои живеат во повисоките катови на стамбените згради.

Според првичните информации кои ги пренесуваат албанските медиуми епицентарот е на шест километри од градот Лежа со јачина од 4,8 степени според Рихтер и на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе албански градови, Фуш Круја, Драч, Скадар и Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот