Земјоделец ќе бара правда во Стразбур ако не му се исплати оштетата од поплавите во 2016 година

Фото: Миа.мк

Јаји во изјава пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека ако не ја најде тука, правдата ќе ја побара во Стразбур.

Земјоделецот Екрем Јаји од скопското село Арачиново денеска повторно побара институциите јавно да кажат зошто сé уште не му е исплатена отштетата вредна 10.000 евра за овошните насади уништени во катастрофалните поплави во 2016 година.

Јаји во изјава пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека ако не ја најде тука, правдата ќе ја побара во Стразбур. Како што нагласи, неколку пати побарал одговор од надлежните, но не добил, ниту бил примен кај министерот. Партиски, дополни, не е мотивиран, ниту е како било определен.

– На 10 јануари првпат дадов изјава за отштетата од 2016 година. Министерството за земјоделство прати демант преку социјалните мрежи дека со мене некој манипулира, дека лажам. Барам да се соочиме пред јавноста, за да се знае кој лаже. Јас или тие. Пред кој било медиум подготвен сум ако треба денес или утре, да седнеме и да ја кажеме вистината, но со факти, со вистински, а не со „фалс” документи. Не сакам да манипулира со мене ниту една партија за политички поени. Јас не сум партиски определен, ниту сум бил, ниту ќе бидам, истакна Јаји.

Во скопските поплави му биле уништени околу 600 дрва, а за штетата има проценка.

– Министерството ниту ми ја плаќа отштетата, ниту ми дава решение. Велат дека ми следуваат пари, но да почекам зашто пари нема. Побарав средба со министерот, не ме примија. Отидов и во Тетово, зашто тука до него не можев да дојдам. Поставив прашање, зошто не ми плаќа, но тој не ми одговори. Сакаше да ми ги земе документите. Сакам да ја докажам правдата, луѓето да видат кој лаже, јас или Министерството за земјоделство, рече Јаји, додавајќи дека и други соселани, исто како него, не се обесштетени.

Јаји тврди и дека во текот на процедурата му е изгубен предметот за материјалната штета на куќата и шталата.

– Зошто ми ја прават оваа неправда, не знам, рече земјоделецот од Арачиново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот